СКЕНИРАН

ПРОСТОР

НАПРАВЕТЕ 3Д-ПРОШЕТКА

што е 3D скенирање

3dscan

3Д-скенирањето е напредна технологија, која овозможува виртуелна прошетка низ просторот и негова софистицирана презентација пред вашите клиенти. 3Д-камерата го скенира просторот дел по дел и потоа програмски ги поврзува сите делови во целосен виртуелен приказ, низ кој можете да се движите во сите насоки. Интерактивната 3Д-прошетка дава можност за реално доживување и откривање на скенираниот простор.

Оваа неверојатна технологија овозможува доживување на скенираниот простор на начин што досега не сте имале можност да го искусите. Се влегува, се шета низ сите простории и се разгледуваат сите детали – исто како да сте таму.

ЗД-скенирањето и виртуелната реалност се примамливи алатки кои во иднина ќе станат дел од сопствената презентација на секоја сериозна компанија. Бидете меѓу првите кои својот простор ќе го прикажат со неверојатна прецизност, на исклучително привлечен начин, со што вашите клиенти ќе добијат целосна и веродостојна слика за просторот или производот што го нудите.

Скенираниот простор можете да го поставите на вашата веб-страница, на Facebook и други социјални мрежи, на Google Maps и Google Street View, како и во сите презентации на вашата компанија.

camera

Што добивате како финален продукт

scan type

Интерактивен 3Д-приказ

3Д-приказ за на веб или мобилен, за самостојно движење низ просторот.

scan type

Виртуелна реалност

Извонредни виртуелни искуства за Gear VR, Cardboard и Daydream.

scan type

Автоматска 3Д-прошетка

Динамично, промотивно видео од 3Д-прошетката низ просторот.

scan type

Тагови со информации

Маркирање на скенираниот простор со информации за производите/услугите.

scan type

Висококвалитетни фотографии

Живописни фотографии спремни за печатење или за дигитално користење.

scan type

360° снимки

360° панорамски снимки за споделување на социјални медиуми.

За кого е наменето

Хотели, ресторани, кафулиња, игротеки, градинки, училишта, болници, амбуланти, простори за издавање или продавање, изложбени салони, конференциски сали, сали за свадби, СПА-центри... Со други зборови, секој простор во кој би им значело на потенцијалните клиенти да можат да ѕирнат, да го видат неговиот ентериер и содржина.

Со 3Д-приказот на вашите потенцијални клиенти им го претставувате вашиот простор на најатрактивен начин, преку дигиталните медиуми, со што добиваат чувство како веќе да се во него. Едноставното споделување на сите 3Д снимки на вашата веб-страница, на социјалните медиуми и во деловните презентации ќе придонесе за ефектно претставување на вашата компанија и вашите услуги, придобивајќи ги клиентите по совршената 3Д-прошетка.

Хотели, ресторани, недвижнини

Ресторан

Хотел

Апартман

Сали за настани

Сала за прослави

Концертна сала

Конференциска сала

Разни објекти

Маркет

Фитнес центар

Леброн Џејмс Арена

ПОРТФОЛИО

Land Rover Salon

прикажи

Land Rover Avtomobil

прикажи

Hotel City 5

прикажи

Anabella Parfimerija

прикажи

Цени

Цената за 3Д-скенирање се одредува според две варијабли: големината на објектот кој се скенира и комплексноста на просторот. Со еднократно скенирање на просторот ќе добиете 3Д-приказ, виртуелна реалност, автоматска 3Д-прошетка, простор маркиран со неопходни информации, висококвалитетни фотографии и 360° снимки, сѐ вклучено во цената, без дополнително наплаќање. Закажете презентација и побарајте конкретна понуда за скенирање на вашиот објект.

побарај понуда

ЗА НАС

„Кликер Маркетинг“ е маркетинг-агенција која постои од 2008 година и во сите овие години искуство има реализирано бројни проекти за голем број клиенти. Воодушевени од можностите на новите технологии, нашето портфолио го збогативме со понудата за 3Д-скенирање, која веруваме дека ќе придонесе за поефикасно маркетиншко презентирање на голем број објекти и бизниси пред нивните клиенти.

Повеќе за нас можете да погледнете на www.kliker.mk.

Контакт

Кликер Маркетинг

ул. Димитар Беровски, бр.9, 1000 Скопје, Македонија

+389 2 3067 572

info@virtuelnarealnost.mk